Европскиот клубски шампион Ливерпул е подготвен да понуди 74 милиони евра за шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио, кој го носи дресот на Реал Мадрид.
Минатата сезона, 23-годишниот офанзивен фудбалер зеде учество во 43 натпревари со тимот на „белиот балет“, а неговиот договор со клубот беше до летото 2023 година.
Пред неколку недели, шпанските медиуми објавија дека Реал е подготвен да го замени Асенсио за Садио Мане, кој во 2016 година премина кај „црвените“ од Саутемптон.
Договорот на Сенегалецот со тимот од Мерсисајд е до 30 јуни 2021 година.
Но, таков договор за размена веројатно нема да биде доволен, откако Реал сака за Асенсио најмалку 95 милиони евра.