Синоќа, како што на својот профил информира ОО СДСМ Битола, жителите на с. Меџитлија имале средба со Градоначалникот на општина Битола, Наташа Петровска, претседателот на ОО СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски и советниците во Советот на општина Битола од редовите на СДСМ, Методија Илиевски и Жаклина Наумовска.
Според нивното соопштение “на средбата жителите изразија голема благодарност и поддршка во заложбата на Општината и институциите за излегувањето во пресрет на нивните потреби и барања…”.

Дотука се е во ред. Но, од објавените фотографии се гледа дека неколкуте жители, не посветиле многу внимание за тоа како се облечени за средбата со „високата“ гостинка, па дошле, кој во влечки, а кој во шорцеви со кои се седи пред гранапче на пиво. Бројот на присутни можете сами да го утврдите, и есно ќе заклучите дека тој, иако станува збор за Меџитлија, воопшто не е импресивен.

Но, посебно внимание на фотографиите привлекува господинот во црн шорц и сина маица кој со рака и со маицата го крие лицето при фотографирањето? Хм, обично симпатизерите го сакаат спротивното, да се фотографираат со своите лидери, а не да се кријат? И секако, не одат на вакви средби во влечки.