ЕВН Хоум веќе го објави тендерот за набавка на струја за домаќинствата од јули до декември годинава, пренесува ТВ Телма.
Законски, државните Електрани треба да обезбедат 65 проценти од потребите на универзалниот снабдувач, од кој се снабдуваат малите потрошувачи.
Од цената која ќе биде постигната на овој тендер ќе зависи колку ќе плаќаат граѓаните до крајот на годината.
На претходниот тендер ЕСМ успеа да понуди 100 проценти од потребите, по цена од 41 евро за мегават час.
Во меѓувреме и од Регулаторна најавија дека во понеделник ќе го стават на увид на стручната јавност новиот тарифник.
Симулацијата покажува дека, со него, 40 отсто поскапа струја ќе плаќаат големите потрошувачи што трошат по околу 1 000 киловатчасови електрична енергија во скапа тарифа.
Домаќинствата кои трошат помалку од 500 киловатчасови месечно во висока тарифа, би требало да имаат исти или помали сметки за струја.
Изборот на компанија која ќе понуди електрична енергија по најповолна цена ќе се врши на 24 овој месец, а новата цена на струјата треба да се важи од 1 јули.