ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЗА СЈО: Десетина случаи беа искористени после рокот за да се рекетира со нив!

/ 21.11.2019

Љубчо Георгиевски во синоќешното гостување на ТВ 24 истакна дека се сомнева дека Катица Јанева и СЈО искористиле преку 15 случаи за изнудување рекет.

–Голем број на моќници биле донесувани до ѕид за изнудување средства, истакна Георгиевски.

Во однос на кредибилноста на СЈО и Катица Јанева, Георгиевски посочи дека Јанева од самото доаѓање креирала таква атмосфера околу себе, која сама по себе ја издала намерата за злоупотреба на службена должност, потенцираше Георгиевски.

Според него, сето ова се случувало во услови јасен закон и на одлука на Врховниот суд дека не можат да се отвораат нови случаи по истекот на фамозните 18 месеци. Георгиевски вели дека за отворање на случаи после истекот на рокот, СЈО добило поддршка и од повеќе структури во јавноста. Потоа, се покажало дека во десетици од тие случаи покренати после токот, имало класичен рекет.

„Јас лично сакав да го тужам СЈО, но некои адвокати ми рекоа „ќе ти извадат приватни муабети, па ќе се чудиш“. Постоеше тоа дека не смее да се чепка со СЈО“, вели Георгиевски за случајот „Поштенска банка“.

Токму за тој случај Љупчо Георгиевски на Телевизија 24 потенцира дека од страна на Катица Јанева и СЈО бил баран рекет.

-Како за многу бизнисмени, така и за луѓе од случајот „Поштенска банка“ беа барани пари, односно огромна сума на пари која би обезбедила слобода, додаде Георгиевски.

Георгиевски рече дека за 10 или 15 функции може да бидат донесени луѓе од проверени држави, од надвор за да се воведе ред во земјата.


Од истата категорија