Македонскиот и албанскиот народ ниту еднаш немале судир меѓу себе, ниту пак ќе имаат во иднина, што е докажано низ вековите, се вели во реакцијата од министерот за правда Кренар Лога во врска со написите во некои медиуими.
Во продолжение целото соопштение од Министерството за правда:
Пренесувањето на дел од одговорот на прашања и констатираната состојба од страна на новинарот е злонамерен чин за пропаганда на сметка на предизборната кампања.
Идеолошкиот судир Запад-Исток, во ниту еден момент не смее да се претставува како судир меѓу албанците и македонците, а најмалку како нешто кажано од моја страна.
Тоа што, општо е познато во нашата земја е дека во С. Македонија има прогресивни европски сили и регресивни проруски струи.
Македонскиот и албанскиот народ ниту еднаш немале судир меѓу себе, ниту пак ќе имаат во иднина, што е докажано низ вековите. Политичкиот судир и дебатата меѓу политичките партии на албанците и македонците, не смее да се доведе во контекст на судир меѓу народите.
Проруските сили и нивната пропаганда за жал земаат простор и во медиуми, без да водат сметка за иднината на нашата држава.
Министерство за правда