Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен заменик на министерот за внатрешни работи.
На инфоративната видеосесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на коронавирусот Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.
Доколку излегуваат на терен, односно се работи за службено патување, за тоа е потребно да имаат и дозвола за движење која е издадена од работодавачот, рече Петровска.