На Мицкоски и ДПМНЕ им порачуваме да не се бламираат – Левица има кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Струга, а ДПМНЕ коленичи пред ВРЕДИ. Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави на Мицкоски и ДПМНЕ ги следиме изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, се наведува во соопштението на Левица, што МИА го пренсува интегрално.

Од патетични флоскули за „горда Македонија“, паднавте до ниво да напаѓате партија која единствена има храброст да понуди сопствени кандидати во општини каде што вие и СДСМ кукавички се повлековте и одлучивте да ги поддржите ВРЕДИ и ДУИ.

Вие, кои од петни жили ги браните кандидатите на ВРЕДИ, немате никакво морално право да ѝ држите лекции на Левица. Се спуштивте на ниво вашиот помал коалиционен партнер да не ви прави никакви отстапки – па така, на пример, во Град Скопје извади свој кандидат за градоначалник без да ве праша.

Поврзувањатта на Левица со ДУИ се крајно смешни. Ние никогаш сме немале договори со ДУИ и така ќе остане. Пример за тоа се бројните кривични пријави поднесени единствено од наша страна против функционери од ДУИ.

Токму ДПМНЕ е симболот на коалицирање со ДУИ, како во минатото – така и сега: заедно владеевте со години, заедно ги амнестировте т.н. Хашки случаи, заедно гласавте и гласате штетни одлуки во советите како во Велес и Куманово, заедно носите двотретински закони во Собранието преку политички пазар, вие го пуштивте Артан Груби во бегство и до ден денес владее молк за тој случај.

Дали според вас македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско? Дали тоа е вашата визија за „горда Македонија“?

Левица понуди опција и кандидираше луѓе со знаење, интегритет и визија:

За Струга – Јована Мојсоска, актуелна пратеничка и генерален секретар на Левица
За Тетово – д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки
За Гостивар – Дарко Грујоски, ИТ-специјалист

За разлика од вас, кои својата судбина и достоинство ги продадовте на коалициските пазари, Левица ја води борбата со свои сили, луѓе и со чист образ. Гласот за Левица е јасна порака дека народот повеќе не е заложник на вашите криминални коалициски математики и сака вистинска промена единствено во интерес на граѓаните.

ПП Левица