ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска објавија дел од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори:
Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата
Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник
Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја
Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен
Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник
Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината
Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник
Велес – Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот
Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката и стопанственик
Конче – Златко Ристов, детектив и поранешен бранител
Босилово – Ристо Манчев, магистер по економски науки и консултант
Валандово – Тони Узунов, стопанственик
Богданци – Маријан Пеев, вработен во општината
Дојран – Филип Дончовски, инженер по шумарство и раководител на прочистителна станица во Нов Дојран
Гевгелија – Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки
Неготино – Горан Стојанов, доктор интернист и раководител на Итната медицинска помош
Демир Капија – Андон Донев, наставник
Росоман – Тихомир Николов, ИТ-инженер
Прилеп – Борче Јовчески, сметководител во Агенцијата за храна и ветеринарство
Кривогаштани – Александар Богдановски, раководител
Могила – Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси
Новаци – Стевче Стевановски, агроном
Вевчани – Спасе Кочовски, социолог
Брвеница – Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт
Јегуновце – Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг
Гази Баба – Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика, советник во општината.
Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, овие кандидатите ќе донесат победа на овие локални избори.
–Убеден сум дека ова е вистинската понуда за нов почеток, за нова сила која што ќе донесе промени и решавање на проблемите на сите граѓани, за тоа што Македонија мора да биде земја за сите луѓе, рече Николоски.