Полицијата во Лондон преговара со вооружен напаѓач, кој се заканува дека ќе убива луѓе.
Припадниците на полицијата опкружија црвен автомобил, во кој се наоѓа човек за кој се претпоставува дека е вооружен со пиштол.
На местото на настанот е распоредена вооружена полиција, како и тимови на Брза помош и Противпожарна бригада.
„Полицијата е повикана утрово од страна на човек кој изјави дека планира да убива луѓе. Човекот е во автомобил и кога му пришле полицајците, им кажал дека е вооружен. Службите се обидуваат мирно да ја решат ситуацијата“, соопшти лондонската полиција.