Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги е на мислење дека неговиот тим е преоптоварен како физички така и психички по вчерашниот успех со 1:0 над Еспањол. Европскиот клубски шампион оствари важна победа со која тој излезе на чело на Ла Лига.

„Ова се комплицирани натпревари за целите на противникот. Треба да се напомене дека Еспањол беше добро организиран – со добри тренери и добри играчи. Ова е причината зошто не постигнавме втор гол. Имаше емоционална истоштеност, а и физичка. Тоа беше опасен меч“, рече Лопетеги.

„Веројатно тимовите што доаѓаат на „Бернабеу“ се позатворени. Тие одлучуваат како да се однесуваат на теренот. Еспањол беше затворен, но напаѓаше, исто така. Најмногу главоболки имавме во моментите кога ја губевме топката. Сепак, зедовме три многу важни поени“, додаде тренерот на Реал.