Aкциите на социјалната мрежа на Марк Закерберг, Фејсбук денеска претрпеа сериозен удар откако компанијата соопшти послаб раст од очекуваниот. Компанијата соопшти дека има раст на профитот од 31 процент за вториот квартал од 5,1 милијарди долари, а приходите пораснаа за 42 отсто од 13,2 милијарди долари.
Веднаш по објавувањето на финансиската состојба на компанијата, акциите на Фејсбук паднаа за околу 7 отсто, по што падот се продлабочи на над 20 отсто. Речиси 34 милиони акции на компанијата ги сменија сопствениците, што е далеку над просекот од 17 милиони акции дневно во последниот месец.
Фејсбук ќе изгуби над 100 милијарди долари од пазарната капитализација и ќе го избрише растот на цената на акциите од почетокот на годината. На крајот на тргувањето, акциите се тргуваа со пад на цената од 20 проценти за 173,50 долари по акција.