Подобро ништо да не работите, остајте ги бизнисмнените сами да работат, му вели Мицковски на Заев во вчерашниот дуел на Заев. Своевремено слична поента, иако во друг контекст имаше и Груевски. На преодот од 2005 во 2006 година, на најавите од СДСМ дека таа година ќе биде година на економијата, Груевски одговори дека досега толку не се работело ништо што сега што и да напрват ќе го зголеми БДП. Овој пат, од СДСМ беше побарано да не прави ништо и така има некакви шанси стопанството само да го крене бруто домашниот производ, во спротивно, се замеша ли СДСМ, работата отиде во минус.
Но, надвор од ова, една од клучните поенти за која се подготвувал Заев, како пред 20 и кусур гоини кога Никола Поповски дојде на еден дуел на МТВ со податоци од ДБК за соговорникот од другата страна, е „што тебе ти пречи Илинден“. Логиката на неговиот тим е дека што и да каже Мицковски тука, во услови кога не прифќа ерга омнес, ќе биде на тенок лед. Финтата му беше од арсеналот спинови на СДСМ, кој вели дека ако не сакаш да го промениш името н Република Македонија, тогаш те плаќа Путин зашто си против НАТО, а сега, ако не ја прифаќаш Илинденска Макеондија, значи си против Илинден.
Во услови кога бугарскиот шеф на преговарачката комисија Ангел Димитров, бивш амбасадор во Бугарија во РМ, вели дека нема што тука да разговараат за работи како што е таа дека Гоце Делчев е Бугарин, туку ќе имаат состаноци во кои ќе убедуваат македонските членови на комисијата тоа да го прифатат и признаат, вакви финти, дури и да успееше спинот во синоќешниот дуел, немаше долго да трае. Зашто ако си потпишал дека Илинден 1903 година е бугарски (така нели вели другарот на Шеќеринска, Каракачанов, за Ангел Димитров да не зборуваме) тогаш ни останува Илинден 1944 година со што не се во опасност Заев или Мицковски, туку цела држава се става на масата на која треба да се бришат последиците од комунизмот, кога според грчко-бугарското инсистирање, со декрет се создадени и македонскиот народ и македонската држава. Така што, ако Заев и компанија прифатиле дека од двата Илиндена кои се поврзани со создавањето на денешната држава, едниот е бугарски, а вториот комунистички (а ако не рпифатиле немаше д апотпишат таков договор), не треба многу ум за да видиш зошто некој би бил против таквото именување на државата за севкупна употреба и со додавање ан збор меѓу Република и Македонија. И тоа нема врска со фактот дали го сакаш Илинден или имаш нешто против како што очигледно се подготвил да спинува штабот на Заев со прилично непристојни финти.