Осум женски лица, од кои три државјанки на Македонија и пет странски државјанки се пронајдени при претрес на полицијата во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, како и во куќата на сопственикот.

Тие се приведени поради сомнение за посредување во проституција. Во акциската контрола која е спроведувала од синоќа во 23 часот до изутринава во 3:20 часот, учествувале полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР.

Извршена е контрола во угостителски објект во Добридол,  гостиварско, како и претрес во куќата на сопственикот Н.Р.(50).

Во објектот и куќата биле затекнати осум женски лица, од три државјанки на Србија, една од Црна Гора и една од Хрватска на возраст од 20 до 31 година, како  и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години.

Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело „посредување во вршење проституција“, казниво по чл.191 од КЗ.