Македонија тоне во смог, а Зоран Заев и неговите олигарси профитираат од горењето на кокс со 18 отсто сулфур диоксид и обоен текстил, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ три години е на власт. Три години ништо нема преземено за намалување на загадувањето. Напротив загадувањето е зголемено. Скопје е на листата најзагадени градови во светот. Скопје со денови има покривка од смог. Градот е огромен логор, а Петре Шилегов наместо да купи 300 прочистувачи за воздух дава 100.000 евра за настап на Дино Мерлин за Нова Година. Новогодишната вечер ќе дојде и ќе помине, а скопјани пак ќе дишат загаден воздух, се вели во реакцијата.

Скопје се гуши, се додава во соопштението, а Шилегов се слави.

– Ништо подобри не се ниту Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Кичево и Кавадарци. Додека олигарсите на Заев ги полнат сметките, граѓаните ги полнат болниците. Негрижата за здравјето на граѓаните е алармантна. По падот на СДСМ следува обнова на Македонија и проекти на ВМРО-ДПМНЕ во висина од 1 милијарда евра за намалување на загадувањето за 50 отсто во првиот мандат, соопштуваат од опозициската партија.