Актуелниот европски првак, Баерн Минхен, синоќа забележа победа со 6:2 на гостувањето во Австрија кај Салцбург во 3. коло од фудбалската Лига на шампиони.
За Баварците, овој триумф е 14. по ред во елитното натпреварување. Според прес-службата на УЕФА, ова е рекорд во Лигата на шампионите.
Воедно, Баерн направи голем исчекор кон пласман во следната фаза. За да ја помине А-групата, германскиот тим ќе треба да забележи уште само една победа во следните три кола.
Баерн е прв на табелата со 9 бода, Атлетико Мадрид има 4, Локомотив Москва 2, Салцбург е последен без освоен бод.