Белградска Црвена Ѕвезда доживеа вистински потоп во Лондон откако Тотенхем ја прегази со 5:0 и делумно се рехабилитира за неуспесите во последно време.

Сличен дебакл, ако не и поголем доживеа Бриж на свој терен откако со ист резултат како и во Лондон, беше поразен од ПСЖ.

Интересно беше во Атина, каде Олимпијакос поведе со 1:0 против Барен. Баварците направија пресврт до 1:3, за потоа Грците да намалат на 2:3 во 79 минута. Тоа беше и конечен резултат откако Баерн не дозволи во последните 11 минути да прими гол.

Јувентус беше на мака против Ломомотива од Москва. Губеше на свој терен со 0:1 до 77 минута без некоја идеја како да ја надмине руската одбрана. Тогаш, за само две минути, во 77 и 79 минута, Дибала со два гола направи пресврт. Ронадло играше мошне слабо на овој натпревар, не му одеше и на Пјаниќ, Хигуаин имаше една шанса и ако не беше Дибала, веројатно ќе присуствувавме на големо изненадување.

Реал Мадрид во Истанбул поведе против Галатасарај уште во 18 минута и мирно го задржа резултатот до крај.

Манчестер Сити на Гвардиола, откако прими гол за 0:1 со Аталанта на свој терен, им даде пет гола на Италијанците за конечни 5:1.

Така што, тоа што на почетокот изгледаше како најава за бурна вечер, водствата на Олимпијакос, Аталанта и Локомотива, на крај се сведе на еден само малку повозбудлив ден во ЛШ.