Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски беше стрелец на четири гола синоќа на дуелот со Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.
Полјакот „покерот“ го оствари за 15 минути и со тоа го сруши рекордот на Луиз Адријано кој пред пет години како играч на Шахтар на Бате Борисов (7:0) му даде четири гола за 16 минути.
Трет на оваа листа е Кристијано Роналдо кој запиша „покер“ за 20 минути на средбата со Малме пред четири години кога Реал Мадрид победи со 8:0.