Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо стана прв тренер кој успеал да избори учество во елиминациската фаза од Лигата на шампионите со шест различни екипи.

„Специјалецот“ во плеј-офот од елитното натпреварување стигна предводејќи ги Порто, Интер Манчестер јунајтед ,Челси, Реал Мадрид и од синоќа Тотенхем.

Премиерлигашот од Лондон славеше победа над Олимпијакос со 4:2.

Резултати на другите натпревари од елитното натпреварување одиграни вчеравечер:
Галатасарај – Клуб Бриж 1:1
Локомотив Москва – Баер Леверкузен 0:2
Аталанта – Динамо Загреб 2:0
Црвена ѕвезда – Баерн Минхен 0:6
Јувентус – Атлетико Мадрид 1:0
Манчестер сити – Шахтар 1:1
Реал Мадрид – ПСЖ 2:2.

Покрај Тотенхем во следната фаза досега место изборија: ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер сити и Јувентус.