Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари ја коментираше победата над Атлетико во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите (1:0). Тој истакна дека неговиот тим играше добро, но на крајот малку падна на физички план.

– Игравме добро. На крајот, малку ни снема сила, но тоа е затоа што се изморивме на последниот натпревар од Серија А. Веројатно, натпреварите во Лигата на шампионите нè мотивираат повеќе кога ќе ги споредиме со натпреварите од домашниот шампионат. На европско ниво играме повеќе напаѓачки фудбал. Сепак, во второто полувреме премногу често ја губевме топката, изјави Сари.

Јувентус на едно коло пред крајот на групната фаза го обезбеди првото место во Д-групата и избори учество во плејофот од ЛШ.