Ливерпул го победи Тотенхем вечерва во Мадрид со 2:0 и го освои трофејот во фудбалската Лига на шампиони. За „црвените“ од Енфилд ова е шести трофеј во елитната лига.
Во минатото, Ливерпул го освои најважниот трофеј од клупскиот фудбал во Европа во 1977, 1978, 1981, 1984 и 2005 година.
По вечерашниот триумф, Ливерпул ги остави зад себе на пет трофеи Барселона и Баерн Минхен.
Убедливо најтрофеен клуб во историјата на најсилното континентално фудбалско натпреварување е Реал Мадрид со 13 шампионски наслови