Реал Мадрид покажа зошто е најтрофеен клуб во Лига на шампиони, откако со 4:3 победи на гости кај Рома, во меч од второто коло од елитното натпреварување на УЕФА.

Победата на Реал е посебно значајна затоа што е остварена по неверојатен пресврт. Рома водеше со 3:1 до 83 минута, но на крајот Реал победи со 4:3.

Голеада имаше и во Манчестер, но таму доминираше Пари Сен Жермен против Сити. Гостите на крајот победија со 4:2, во меч на кој актуелниот европски првак водеше со 3:0 на полувремето со головите на Дуе, Дембеле и Витиња.

Во вториот дел Ерлинг Халанд постигна два гола за Сити, но тоа беше премалку за Граѓаните да се спасат од пораз.

Астон вила беше наубедлива вечерва и со 6:0 го декласираше Фенербахче.

Без проблеми беше и Штутгарт кој со 3:0 победи на гости кај Слован во Братислава. Бетис со 3:2 го победи Порто, Шахтер со 3:1 славеше над АЕК, а Бодо/Глимт направи подвиг и со 1:0 беше подобар од Борусија Дортмунд.