Екипата на актуелниот европски шампион, Вардар, успеа да ја победи екипата на Монпеље, во првиот натпревар од Лигата на шампионите со резултат 33:31.

Вардар го загуби првото полувреме со 17:16, потоа губеше со 20:17, за да направи пресврт водејќи со 23:25.

Вардарци потоа ја задржаа предноста до крајот победувајќи на ова тешко гостување со два гола предност.