Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема. Другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши, а пренесоа сите македонски медиуми.

Угостителите ќе можат да работат до 20 часот, со по максимум четири лица на една маса. Како што објасни Бектеши, протоколите се направени додека траеше вонредната состојба. Предвиденото дека во фази ќе се отвораат останува и тука нема значителни измени.

Протоколите се доставени до стопанските комори.

Ова е е изјавено на прес конференција некаде околу пладне. Значи Бектеши зборува за готови протоколи, и за работно време до 20 часот.

Арно ама, подоцна во тек на денот, протоколот беше објавен. И, во истиот тој протокол стои дека угостителските објекти ќе работат до 22 часот.

Инаку станува збор за протокол кој според Бектеши веќе бил доставен до стопанските комори. Ако е досатвен, тогаш знали дека го сменил некој од некоја стопанска комора. Ама нив ги има повеќе. Значи сите го смениле протоколот, а не Бектеши, кој е министер кој изгледа служи само како „пазач“ ако некој новинар постави прашање кое на Нина Ангеловска ќе и изгледа дека содржи „нетрпеливост“. Џентлмен е типот , нема што. Што е убаво, ама наш проблем е што тој е и министер.

Така што, оди па најди им крајот на генијалциве. Иако, рака срце, не е јасно, зошто еден маркет би можел да работи до 22 часот, а не и угостителски објект, но исто така не е јасно што тогаш зборуваше овој човек кој е министер за економија, на утринскиот, односно пладневниот прес. Но, можеби се е објаснето ако се каже дека ова е Влада на Северна, со која раководи Оливер Спаосвски, а пред тоа премиер беше нобеловецот Зоран Заев.

А за нив, 20 и 22 се тука негде, што има сега да се ситничариме.