Учениците повеќе се заразуваат дома, отколку на училиште. Ова е ставот на членовите на Комисијата за заразни болести донесен по итниот состанок инициран од новиот Министер за здравство Беким Сали, информираат Канал 5 и Телма.
Прашањето за стартот на второто полугодие поминал и на дневен ред на првата владина седница на новиот состав, но функционерите не донеле одлука дали ќе ја прифатат препораката. Се чека заклучокот и од Кризниот штаб на Владата то треба да заседава вечерва.
Дел од лекарите, не се согласуваат со тоа децата веднаш да започнат со настава со физичко присуство. Еден од нив е Директорот на „Козле“ која функционира и како ковид центар за деца. Тој смета дека треба полугодието да започне со он-лајн настава.
Наспроти ова, денеска Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ предлоѓи наствата да се пролонгира за две недели.