По наградата за најдобар фудбалер на сезоната од УЕФА, Лука Модриќ денеска беше прогласен за најдобар и на церемонијата организирана од ФИФА.
Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ ги собира наградите за најдобар оваа сезона прекинувајќи ја доминацијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо.
Тој денеска во Лондон ја доби наградата „Д Бест“ за најдобар фудбалер на сезоната која ја доделува ФИФА.
Конкуренти за оваа награда беа и Мохамед Салах и Кристијано Роналдо кој не се појави на гала вечерта.