Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку е задоволен од пласманот во четвртфиналето од Лигата на Европа. Белгиецот постигна еден од двата гола во синоќешниот триумф над Хетафе во осминафиналето одиграно на неутрален терен, во германски Гелзенкирхен.

– Беше тежок натпревар против тим кој игра агресивно. Но, игравме добро, одбраната направи добра работа, среќен сум што постигнав гол. Кристијан Ериксен исто така постигна важен гол, мора да продолжиме во ист дух, изјави Лукаку за „Скај Спорт Италија“.

Веќе размислувам за следниот натпревар. Тимот расте и важно е да продолжиме да се придржуваме кон овој менталитет, оваа желба да се подобри секој ден, додаде Лукаку.

Следен противник на Интер во ЛЕ ќе биде победникот од дуелот Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен.