Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку искажа голема почит кон тренерот Антонио Конте со кого клубот од Милано ја обезбеди шампионската титула.
– Ќе се борам до смрт за Конте. Не успеавме да работиме заедно во Челзи, но јас секогаш мислев дека ќе бидам подобар по напуштањето на Манчестер јунајтед. Конте јасно ми рече: „Ако не работиш на тренинг, нема да играш. Во текот на целата кариера, многу е важно да запознавате луѓе кои искрено ќе ви кажат сè, изјави Лукаку.
Интер стана шампион на Италија за сезоната 2020/21 четири кола пред крајот на првенството. Лукаку во тековната сезона одигра 33 натпревари, постигна 21 гол и 10 асистенции.