Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук се прогласи за најдобар плејмејкер во НБА-лигата, по победата на неговиот тим над Индијана со 154:141 остварена ноќеска на домашен терен.

– Лично, јас се сметам себеси за најдобар плејмејкер во оваа лига. На секој натпревар се обидувам да сфатам како можам да влијаам на мојот тим и да го направам посилен. Ова  беше една од оние вечери каде што функционираа одредени работи. Плејмејкерот мора да може да ги направи своите соиграчи подобри. И јас сум многу горд што потрошив многу енергија и време да ги разиграм другите играчи, изјави Вестбрук.

Тој на натпреварот постигна 14 поени, 21 скок и 24 асистенции.

Воедно Вестбрук го повтори рекордот на НБА за најмногу асистенции при трипл дабл. Во тековната сезона има во просек по 11 асистенции на натпревар.