Мој ДДВ даде резултати и идната година ќе го зголемиме износот за повраток на пари на граѓаните, изјави директорката на УЈП и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата Тема на денот за ТВ Сител.
– Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од 2 милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните наместо досегашните 1.800 денари, рече Лукаревска.