Денеска со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај остваривме средба на којашто го пренесовме искуството за проектот МојДДВ, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Таа им го презентирала проектот „МојДДВ“ на своите албански колеги, зашто и во Албанија биле заинтересирани да ја воведт оваа реформа.
– Денеска со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај остваривме средба на којашто го пренесовме искуството за проектот #МојДДВ. Албанските колеги кои се заинтересирани за воведување на ваква реформа и во Албанија имаа можност одблиску да го запознаат начинот на функционирање на МојДДВ и целиот оперативен систем! МојДДВ ги докажува добрите резултати и надвор од нашата држава, напиша Лукаревска во објавата на Фејсбук.