Мандаторот односно премиерот ќе реши дали досегашната директорка на УЈП Сања Лукаревска и натаму ќе остане на оваа функција или ќе биде пратеничка, изјави таа за ТВ 24 и најави казни за компаниите што ја злоупотребиле државната помош за минималец на работниците.
– Казни, но и кривична одговорноста за компаниите кои ја злоупотребија државната помош, најав Лукаревска во гостување на ТВ 24 и доаде дека се разгледувала и опцијата парите да се даваат директно на работниците.
Таа рече дека во вторник на седница на Владата ќе се донесат следните чекори кои што ќе бидат преземени против фирмите и работодавачите кои ја злоупотребиле државната помош и листата ќе биде доставена до Јавното обвинителство, што значи дека ќе се преземат сите неопходни мерки, вклучувајќи и кривична одговорност.
Лукаревска не можеше да потврди дали останува прв даночник или пак ќе биде пратеничка на СДСМ, како што таа рече, за тоа ќе реши мандатарот односно премиерот.