Уставните измени треба да поминат според мене од секој оној пратеник кој им мисли добро на државата и на идните генерации. Таа е единствената девиза која треба да не води во целиот овој процес на уставни измени“ рече директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во „Клик плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека доколку некој смета дека не треба да ги гласа уставните измени тогаш тој не ѝ мисли добро на државата.

– Наша обврска, како проевропски ориентирана партија бидејќи трите постулати кои ги имавме кога дојдовме на власт, едниот постулат беше влезот на НАТО, едниот влезот во ЕУ и тоа е нашата цел кон која се движиме секојдневно. Поминавме многу пречки на патот и секако дека уште многу пречки не очекуваат, рече Лукаревска.

Таа додаде дека „оваа шанса е една и единствена и дека секојдневно гледаме како видни меѓународни личности доаѓаат бидејќи сакаат да ѝ помогнат на нашата држава“.