Управата за јавни приходи неделава треба до Владата да го достави прочистениот список на граѓани кои добиваат ваучер од 6.000 денари за купување домашни производи, а потоа ќе се направи соодветна објава, информираат од УЈП.
Во соопштението, директорката Сања Лукаревска, наведува дека станува збор за повеќе податоци кои треба да бидат точни зашто сите неточни се враќале на обработка.
Ваучерот е дел од четвриот пакет антикризни мерки, кој предвидува помош од 6.000 денари за повеќе ранливи категории. Станува збор за граѓани со низок доход, самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, невработените кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, корисници на право на социјална сигурнот на стари лица, деца без родители и родителска грижа…
Средствата ќе се префрлаат на трансакциска сметка на граѓаните, а треба брзо да се искористат, односно рокот е до 25 декември.