Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска побара од военото раководство да ги преземе сите неопходни мерки и да ја ангажира армијата цврсто да застане во одбрана на територијалниот интегритет, посочувајќи дека ситуацијата е особено чувствителна на западните граници.
Лукашенко изјави дека во Белорусија е увезена таканаречената обоена револуција, што се потпира на странскиот фактор и се обидува да ја дестабилизира земјата, јави Тасс.
-Се јасно укажува дека во Белорусија се спроведува обоена револуција, со поддршка на странскиот фактор, што се вмеша, затоа што државата пружи неочекувано силен отпор, заклучи Лукашенко.