Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска испрати честитка до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по повод националниот празник Денот на Републиката.

Лукашенко во честитка наведува дека Турција има важна улога во одржувањето на мирот и стабилноста во регионот и светот.

Тој, исто така, истакна дека Минск и Анкара се поврзани преку многу проекти во различни области – од трговија и инвестиции до испраќање хуманитарна помош за оние на кои им е потребна.

Лукашенко наведе и оти продолжува да се развива соработката во областа на туризмот, бидејќи секоја година се повеќе граѓани на Белорусија ја посетуваат Турција.

Претседателот на Белорусија најави и дека наскоро планира да ја посети Турција.

фото: ЕПА