Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата би можела да го прекине транзитот на гас за Европа доколку западните санкции го доведат Минск во вонредна состојба и ако не постои друг начин да се одговори.

– Доколку санкциите кои тие ги воведуваат или ќе ги воведат, во иднина нè доведат до вонредна состојба и ако немаме излез да одговориме со други мерки на тие санкции, тогаш ќе ја искористиме и таа остра мерка, истакна Лукашенко во интервју за турската РТВ ТРТ.