Српскиот државјанин Ѓорге Михајлевиќ, кој бил изрешетан пред неколку денови во Јоханесбург во неговото „порше“, бил речиси десет години во складен брак со некогашната мисица на Бугарија, Наталија Гуркова.
Михајлевиќ бил изрешетан кога се враќал дома од ресторан во Јоханесбург. Кога запрел на семафор, кон неговиот автомобил пришле напаѓачи на мотори и пукале. Изрешетан, тој се обидел да вози понатаму, но по 100 метри застанал, излегол од автомобилот и паднал мртов.
Гуркова во тие моменти не била со него. Та била избрана з амис на Бугарија во 1998 година, по што почнала да се занимава со манекенство.
Михајлевиќ последните години живеел во Јоханесбург каде се занимавал со продажба на дијаманти. Тој бил познат како „српски крал на дијамантите“. Според информации од полицијата, тој всушнот се занимавал со препродажба на украдени документи. Ги откупувал за 20 отсто од вредноста, ги преработувал и потоа ги продавал.
Истражителот од Јоханесбург Пол саливен рекол дека убиениот Србин бил „мртов човек“ оној момент кога влегол во судир со својот бивш соработник Радиван Крејцир, мафијаш од Полска.
откако Михајлевиќ влегол во судир со Крајцер, татко му бил киднапиран и мачен. Неколку денови откако бил ослободен, тој умрел, а во врска со киднапирањето било споменувано името на Полјакот. Србинот тоа го демнатирал, но потоа емсјтвото го преселил во Ервопа.