Тони Крос со денешното продолжување на договорот со Реал Мадрид стави точка на шпекулациите во врска со неговата иднина.
Крос останува со „кралевите“ до 2023 година, откако го продолжи неговиот договор на уште една година.
Германскиот фудбалер беше дел од медиумските шпекулациите дека може да замине од Сантјаго Бернабеу по најавите на тренерот Зинедин Зидан дека ова лето во клубот ќе има големи промени.
Инаку, Крос во Реал дојде од Бајерн Минхен во 2014 година, а со шпанскиот клуб освоил 11 трофеи. /