Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека неговата земја нема повторно да се приклучи на Организацијата на американски држави, три години откако ја напушти поради несогласувања.

– Ние заминавме, засекогаш заминавме и не планираме да се вратиме, изјави Мадуро во синоќешното неделно телевизиско обраќање.

Мадуро го поддржа ставот на неговиот мексикански колега Андрес Лопез Обрадор за Организацијата. Минатата недела Обрадор повика на укинување на Организацијата на американски држави, која ја опиша како „бескорисна“. Додека Мадуро посочи дека Организацијата на американски држави треба да „исчезне“.