По Лондон и Њујорк, светски познатиот македонскиот пијанист Симон Трпчески и легендарниот виолинист Максим Венгеров, во рамки на нивната мини-турнеја на најпрестижните светски сцени, вечер ќе настапат на сцената на Филхармонијата во Париз.
Исклучителниот втор концерт тандемот Венгеров-Трпчески го одржаа во преполната сала во Карнеги Хол во Њујорк, каде присутните со стоечките овации, двајцата врвни уметници ги наградија со дури три изведби на бис.