Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата.
Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон.
Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради маглата на неколку патни правци низ државата е намалена видливоста.
Како што попладнево соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост до 150 метри има на патниот правец Тетово – Групчин и од 50 до 100 метри на патните правци Битола-Прилеп-Плетвар, Кичево-М.Брод,Скпје-Кумануво,