Палестинскиот претседател Махмуд Абас повика на ослободување на сите палестински затвореници од израелските затвори.
– Мораме да инсистираме на нашето барање за решавање на прашањето за палестинските бегалци и ослободување на сите храбри затвореници, рече Абас на церемонијата организирана за два хуманитарни проекти во Рамала на Западниот Брег.
Според палестински извори, има близу 4.550 палестински затвореници во израелските затвори, вклучувајќи 175 малолетни и 27 жени, заедно со 670 затвореници кои се во израелски административен притвор без обвинение или судење.
Палестинските затвореници во израелските затвори се заканија дека ќе почнат штрајк со глад во знак на протест. Абас изјави дека Палестинците нема да ги напуштат своите територии.
– Нема да ја напуштиме нашата земја без оглед на условите за живот, рече Абас.