Маја ПЛАТНАР

Секое воспаление претставува корен на различни здравствени проблеми како дијабетес, срцеви заболувања, дигестивни нарушувања, артритис, рак, депресија и многу други. Иако нутритивните фактори не можат сами да го спречат воспалението, она што го ставаме на нашите чинии, секој ден директно влијае на тоа како се чувствуваме.

Храната делува како клеточно гориво штом ќе влезе во нашиот систем. Храната повеќе не е прекрасно, декорирано јадење кое ги искушува нашите сетила за вкус туку делува како директен гласник до нашите клетки и му кажува на нашето тело или да произведува енергија или да ја троши енергијата за да ја процесира и вари. Ова во огромна вера го прави сировата храна. Дури и да не се одлучите за исхрана со 100 проценти сирова храна, додавањето на повеќе сирови оброци ќе ја подобри не само вашата енергија, туку и ќе помогне да се намали воспалението и со тоа и вашето расположение, тежина и да ви помогне да копнете за повеќе здрава храна.

Секое воспаление е одбранбен механизам на телото да нè штити од болести. Често се дели на два типа: акутно и хронично.

Акутно воспаление е кога нашето тело ќе почувствува „напад„, како инфекција, и работи за да се избори со неа за краток временски период.

Хроничното воспаление пак е одговор од понизок степен во подолги временски периоди, кој често е поврзан со нашата околина, изборот на исхрана, стресот и целокупното здравје. Може да биде штетно и може да го зголеми ризикот од неколку болести како што се дијабетес, рак, артритис, Алцхајмерова болест, бубрежна болест, депресија и срцеви заболувања.

Начинот на кој се храниме е фактор кој помога да ги одржиме нашите тела и имунолошкиот систем силни. Живата храна е исхрана која го помага оптималното здравје, а еве како.

-Поголемиот внес на овошје и зеленчук може да биде вкусен начин за намалување на воспалението и поддршка на имунолошкиот систем. Свежите овошја и зеленчуци нудат изобилство на витамини, минерали, влакна и антиоксиданси. Содржат и флавоноиди кои имаат антивоспалително дејство. Особено познати се брусницата, капините, боровинките, јаболката, авокадо, крстовиден зеленчук – како брокула и зелка – и лиснат зелен зеленчук. Три други значајни извори се лукот, кромидот и ѓумбирот. Овие три состојки треба да се исклучат во исхраната на поединци со воспалителни состојби, како што е воспалителната болест на цревата.

-Билките и зачините значат вкусови и ароми во храната без вишок сол или маснотии. Тие исто така се преполни со антиоксиданси и фитонутриенти за кои се знае дека имаат антивоспалителни својства. Многу од нив се користат во традиционалната медицина илјадници години. Меѓутоа, во поново време, некои станаа попознати по нивните потенцијални придобивки како што се каранфилче, оригано, рузмарин, куркума и мајчина душица.

-Јадете што повеќе растителни протеини. Протеините од растително потекло, како што се мешунките и јаткастите плодови, речиси и да не предивикуваат воспаленија, за разлика од храната од животинско потекло, особено црвеното месо.

-Јадете храна со големо количество растителни влакна. Нашите црева преставуваат екосистем што трилиони микроорганизми го нарекуваат дом. Некои од овие микроорганизми поттикнуваат воспаление, додека за други се смета дека го намалуваат. Влакната се еден извор кој може да промовира поповолен профил на овие микроорганизми за поддршка на оптимално здравје. Одлични извори на влакна се овошје, зеленчук, грав, јаткасти плодови и цело зрнести житарки.

-Го збогатуваме телото со омега-3 мастите. Храната богата со омега-3 масни киселини е антивоспалителна. Најдобрите извори на омега-3 масти се јатките, семето од коноп, мелено семе од чиа и мелено семе од лен. Спротивно на тоа, омега-6 мастите – типот наречен особено арахидонска киселина, се поврзани со зголемено воспаление. Неколку извори богати со омега-6 вклучуваат пржена храна, печива, сончоглед, шафран, пченка или масло од грозје, што е уште една причина зошто живата, веганска храна е извор на антивоспалителна храна.

-Купената храна е многу обработена храна, која генерално содржи дополнително шеќер, сол, масти и други адитиви. Тие може да се обработуваат на начин што ќе ја намали нивната природна густина на хранливи материи или ќе ја разложи нивната структура што може да придонесе за стрес во телото. Прекумерното јадење создава воспаление, особено кога јадете високо процесирана храна. Затоа вашиот избор во голема мера, ако не целосно, треба да е цела храна, свежа храна, жива храна.

-На крајот, а секако најважно, тема на која сакам да посветам цела колумна, е чисти црева значат чист ум. Во неколку големи студии, со голем број испитаници, е докажано дека храната создадена од термички необработени, растителни оброци речиси и да не предивикува симптоматологија на ментални пореметувања, како депресија, а тоа се должи на подобрувањата во организмот, односно на повеќе енергија, поубав надворешен изглед, чувство на задоволство, предизвикано од мирен организам, без воспаленија.

Ова се причините зошто 28 дневната детоксикација на Здраво Живо досега предизвикала толку задоволства.