Готвењето ми причинува задоволство, но уште поголема радост за мене е кога ќе ги видам лицата на оние кои го вкусуваат зготвеното. Токму за тоа решив со вас да ја споделам приказната за мојата жива кујна и секако да ве воведам во светот на живата храна.
Кога пред 8 години ми беше дијагностицирано автоимуно заболување, сметав дека на мојот живот, таков каков што дотогаш го живеев, со полни гради, му дошол крај. Но, има многу вистина во мудроста дека секое лошо за добро е. Една од најважните причини заради што ја раскажувам својата приказна е да ве спречам или да ве поттикнам да не ја повторите мојата грешка. Јас грешев бидејќи безгрижно си го труев своето тело, не внимавајќи ниту што јадам, ниту како јадам, само заради тоа што бев здрава. Значи сакам да ве поттикнам да се грижите за храната сега, додека сте здрави, за така и да остане. Многу е страшно што за многу нешта се освестуваме само кога сме пред свршен чин.
Да се вратам пред осум години. Ми дијагностицираа мијастенија гравис, болест при која телото создава антитела кои ја уништуваат врската помеѓу нервните завршетоци и мускулите,оневозможувајќи секаква моторика, како гледање, џвакање, зборување, одење.
Навистина ми звучеше погубувачки. Но, оттогаш наваму, работите во мојот живот се филтрираат, се редат по некој пат, за мене до сега непознат. Се ми се случува пополека, но се е сигурно, се ми причинува задоволство, проблемите ги решавам многу поспокојно, за нешта се грижам на нов, подуховен начин. И, иако и досега несебично давав, сега и давањето го однесов на повисоко ниво.
Ќе речете како храна може сè ова да го стори?
Многу едноставно.
Ќе почнам од почеток.
Во периодот кога излегов од болница, имав многу слободно време, чудно за
мене. Но, токму тогаш, користејќи го фејсбук, на што претходно посветував
само 5 минути во денот, возобновив некои стари пријателства, разговарајќи најотворено за
својот живот и за промената. Во тие разговори еден мој многу драг пријател, ми посочи да почнам да гледам во сонцето. Ми ги кажа своите резултати, ми испрати книга да прочитам. Веднаш се заинтересирав и веднаш почнав да ја применувам таа вежба, соларна јога.
Но, како што ви кажав, станувањето и не ми одеше најдобро, лековите што ги пиев ме успиваа, па така ова ми претставуваше потешкотија во тоа време. Сепак не се откажував.
Истражував на интернет постојано и полека го најдов линкот помеѓу соларната јога и живата храна. Отсекогаш сум била љубител на егзотични вкусови, па храната веднаш ме освои. Почнав да готвам уште истиот ден. Добро се сеќавам. Беше околу 25-ти октомври, 2011 година. Ми се случи препородување!
Само за три недели знаев каде во Скопје може да се купат сите потребни продукти, каде е поевтино, каде поскапо, каде има зеленило најблизу до мојот дом. Во тие три недели прочитав 5 книги, стотици написи и илјадници рецепти.
После три недели веќе не пиев лекови, само после три недели се чувствував лесна, задоволна, среќна. Се чувствував преродена. Силата ми се врати и од тогаш наваму работам три физички работи, водам свој ресторан за жива храна, работам 10 часа на ден на нозе и се правам со насмевка.
Како што ви кажав во првата колумна, моето мото од кога ги открив убавините
на живата кујна е дека „само живото раѓа живот“„ и тоа ми е мисла со која се будам и
со која си легнувам, тоа е мисла со која творам, мисла со која работам, мисла
со која живеам.
Напати од кога се сретнав со живата кујна, благодарение на некои смешни настани, како убод од стршлен, повредена карлица, пукнати заби, бев соочена со предизвици кои ми предизвикуваа симптоми со кои ми се активираше дијагознозата. Но, ако “нормален” човек минува низ такви проблеми со силни лекарства и долг период, кај мене се одеше многу лесно и многу брзо. И овде нема да речам му благодарам на Бога, туку и благодарам на живата храна, но пред се едно огромно благодарам на д-р Слаџана Велков.
Иако живееме во време на интернет, кога сите информации ни се достапни на дланка, сепак, одредени нешта треба да знаеме за да ги побараме. Сметам дека да не беше д-р Слаџана, денес во Македонија и немаше да знаеме за жива храна, ниту за соларна јога. Таа несебично го дели своето знаење и неуморно на сите им објаснува до детали. Желбата да помогне, кај неа е страст што секојдневно се случува. И благодарам што постои, среќна сум што ја познавам, задоволна кога знам, дека иако е илјадници километри физички оддалечена, секогаш е присутна. Нејзиниот благослов да продолжам со готвењето за мене е непроценливо богатство. Еве и јавно и ветувам дека ќе одам само напред.