Пред да го споделам со вас сведоштвото на една од многуте наши клиенти, која својот проблем си го реши засекогаш јадејќи жива храна, важно ми е да се разбереме дека нашите тела се сложени биолошки машини, а храната што ја јадеме е гориво.
Нашите тела се брилијантно дизајнирани за да ги претворат сите видови супстанции за храна во гориво и енергија за да го одржат животот. Кога јадете, ја разградувате храната со забите, претворајќи ја во течна форма, дигестивните сокови се распаѓаат и одат во стомакот, а потоа хранливите материи се апсорбираат во крвотокот и одат во клетките. Овие хранливи материи вашето тело ги користи за енергија, регенерирајќи ги клетките.
Влакната, кои се преголеми за да се апсорбираат во крвотокот, се движат низ интестиналниот тракт и надвор од вашето тело. Отпадните нуспроизводи, мртвите и мутираните клетки и токсините шетаат низ крвотокот и лимфниот систем. Нив ги елиминираме преку пот, слуз, урина, измет и сл. Влакната се како цревна метла.
Најдобриот извор на чисто висококвалитетно гориво за вашето тело доаѓа од свежото овошје, зеленчукот, семките и јаткастите плодови. „Благодарение“ на технолошките иновации, поголемиот дел од храната што сега ја јадеме е обработена. Не е природна и не е здрава. Преработената храна е брза храна. Повеќето од нас мислат на брза храна како безалкохолни пијалоци, бонбони, закуски. Но, во реалноста брза храна е речиси секоја храна што е изменета од човекот и спакувана за препродажба.
Прехранбената индустрија е индустрија од повеќе милијарди долари и е многу конкурентна. Големите производители на храна постојано бараат начини за намалување на трошоците, зголемување на профитот и продолжување на рокот на траење на нивните производи.
Како резултат на овој процес, хранливата вредност на храната што ја произведуваат е десеткувана или уништена. Преработената храна е натоварена со вештачки состојки создадени во лаборатории за кои ние не сме созадедени, како: хемиски адитиви како вештачки вкусови, бои и засладувачи, за подобар изглед и вкус; хемиските конзерванси се додаваат, за подолг рок на траење;и конечно синтетички витамини и минерали, во обид да се врати хранливата вредност уништена од сите обработки.
Погледни ги состојките на етикетите на храната. Ако на етикетата има состојки за кои никогаш не сте слушнале, или не можете да ги изговорите, внимавајте. Нека не ви е гајле што тврди хранливата вредност на етикетата. Ниту еден преработен прехранбен производ не може да одговара на хранливата вредност на витамини и минерали содржани во свежото овошје или зеленчук, сировите семиња и непечените јаткасти плодови.
Биорасположивоста е мерење дали хранливата состојка е во состојба која може да се апсорбира и да се користи од вашето тело. Повеќето минерали во почвата и карпите се неоргански и не можат да бидат апсорбирани од вашето тело. Но, она што е неверојатно е дека растенијата можат да ги апсорбираат и да ги претворат во органска состојба што може да ја апсорбира вашето тело кога јадете растителна храна.
Да го земеме како пример спанаќот, еден од најдобрите растителни извори на железо на планетата. Железото кое го добивате од жив или свеж спанаќ е во органска состојба и се апсорбира од вашето тело. Железото од една железна шипка не е.
Еве ја приказната на една наша веќе пријателка на која пред да почнам да и готвам и дијагностиграле рак на мозокот, неоперабилен, од 3 см. Таа одби да оди на хемотерапија и одлучи да јаде жива храна:
„Иако признавам дека за повеќето луѓе живата веганска исхрана може да е тешка за да се навикнат, јас силно препорачувам да јадете колку што е можно повеќе жива храна. Јас бев 100 отсто на сирова храна 9 месеци. Тогаш си го почувставав телото како ми лебди од убавини, како ми е чисто и како сега и да изедам и половина килограм месо (што не ми се случило) е доволно силно да ги исчисти веднаш тие отрови. Оттогаш наваму јадам 80 отсто жива храна. Ова е голем дел од она што го направив за да го победам ракот, вклучувајќи го и фактот дека одбив хемотерапија.
Зошто жива храна? Едноставно кажано, готвењето ги уништува ензимите, ја намалува хранливата вредност на храната и ја зголемува киселоста. Без разлика дали сте во лабораторија или во кујната, подложувањето на некој објект на висока топлина предизвикува хемиска реакција во тој објекти што тој ја менува својата структура.
Готвењето може да ги претвори хранливите материи од органска во неорганска состојба и да ги направи бескорисни за вашето тело. Сировата храна е жива храна. Готвената храна е мртва. Сировата храна е совршено дизајнирана да му дава гориво на живото тело. Колку повеќе жива храна може да инкорпорирате во вашата исхрана, толку подобро.
Знам дека ќе ви оди тешко да се откажете од одредени нешта, оти нели „тоа е уживање“, но верувајте ми, вашите живот и здравје се достоен за тоа. Ако сега сте болни, неопходно е да се направат жестоки здравствени промени. Ако не сте болни, не чекајте додека не се разболите, како што направив јас. Направете промена на подобро денес.
Чест и задоволство е што еден ваков мал град ја имаме Маја и го имаме Здраво Живо. Искористете ги и дозволете се барем чистење на организмот од 28 дена. Она што ќе го сторите за себе, знајте дека ќе се рефлектира и врз другите. Јас денес сум жива и здрава, веќе 5 години изминуваат како ја имав страшната дијагноза, ракот комплетни се повлече и и пркосам на медицинаа секојдневно. Живеам спокојно, знаејќи дека ако нешто пак ме снајде, имам кој да ми говти и кој да ме врати каква сум сега. Но, нема да дозволам. Се сакам себе, ги сакам своите деца, своите родители, својот сопруг, својот живот. Ниедна плескавица, ниту кока кола не се повреди од тоа“.