Маја ПЛАТНАР

Мојот личен впечаток е дека откако помина короната и карантинските периоди, како да се зголеми бројот на луѓето кои се незадоволни со својата тежина.

Ја спомнувам короната како метафора за пандемијата која ја минавме дома, без многу движење и за жал, со лоша храна. Затоа, сакам да зборувам за вообичаените грешки кои ги правиме при слабеење

Пред да навлеземе во вообичаените грешки при губење на тежината, важно е да напоменеме дека тој процес никогаш не смее да ни го наруши нашето здравје. Целта е – и секогаш ќе биде – да се стремиме кон избор на животен стил кој ќе придонесе за нашето здравје и благосостојба.

Екстремните диети и планови не се одржливи на долг рок.  Заборавете на „брзи резултати“ и фокусирајте се на долгорочни промени.

1.Диета по диета

Мора да направиме разлика помеѓу диета и начин на живот. Диета е она од што секогаш очекуваме брзи резултати, додека животниот стил е нешто во што навистина може да се видиме себеси до крајот на животот. Следењето строга диета за да изгубите 10 килограми може да даде резултати, но веројатно нема да остане така. На крајот на краиштата, долгорочното зголемување на телесната тежина генерално не се случува преку ноќ, а истото важи и за долгорочното слабеење.

Оние од нас кои ги следат овие кратки диети, по нивното завршување често ја враќаат тежината. Понекогаш дури добиваме и повеќе од она што првично сме изгубиле. Имајте за цел да направите мали, реални и остварливи промени во животниот стил што може да се интегрираат во секојдневните практики.

На пример, да јадете повеќе зелен и портокалов зеленчук секој ден или да уживате во вежбање 3 пати неделно. Кратките и брзопоправени решенија речиси и не се ефективни и можат да бидат штетни за нашето здравје.

2.Фокус на брзи резултати

Сè што ветува моментални резултати е веројатно трик. Можеби ова не мора да биде диета. Тоа може да бидат шејкови, шипки, апчиња, ласерски третмани, светлосна терапија, производи за замена на оброците итн. Поминете време фокусирајќи се на долгорочни придобивки; работи кои можеме да ги правиме полека и стратешки за да го подобриме нашето целокупно здравје. Некои примери на долгорочни придобивки може да бидат зголемување на нашиот внес на овошје и зеленчук. Повторно, целта е да се развиете животни навики кои можат да ги правите редовно и да ги одржувате долгорочно. Ваквите навики остануваат за навек.

3.Ограничување и броење калории

Постојат безброј сајтови и ресурси кои покажуваат дека за да изгубиме тежина, мора да броиме калории. Ние во Здраво Живо, не препорачуваме броење калории. Броењето калории, особено калории од растително потекло, може да има негативни здравствени последици како внес на небалансирана храна, недостаток на хранливи материи, нарушено здравје на коските, како и неплодност. Воедно, ограничувањето на калории, може и да го забави нашиот метаболизам, што не соодвествува со желбата за слабеење.

Храната е тука за да не храни. Игнорирањето на нашите знаци за глад и изборот да не јадеме може да доведе до неконтролирано јадење подоцна.

4.Прескокнување на доручекот

Студиите постојано ни ја покажуваат важноста на доручекот. Прескокнувањето на овој оброк можеби изгледа како лесен начин за намалување на калориите, но тоа често води до страшен глад, непланирано грицкање или прејадување. Доручекот е одлична шанса да уживаме во храна богата со растителни влакна, вклучувајќи интегрални житарки, свежо овошје, јаткасти плодови и семки кои ќе ни помогнат да се одржиме во текот на денот.

Ние во Здраво Живо денот го почнуваме со зелено смуди, оброк богат со се што ни треба за првата половина на денот, со зелени растенија-хлорофил, со овошја-јаглехидрати, со семиња- протеини. Смудито освен што е еликсир на животот е и одличен стимуланс, па кога пиете зелено смуди немате потреба од кафе.

5.Негрицкање кога сте гладни

Некои од нас можат и без грицки, додека на многу од нас, вклучувајќи ме тука и мене, грицките ни помагаат да сме сити во текот на денот. Слушајте го своето тело, грицкајте кога сте гладни. Ова е важен чекор за да не се здебелите. Обидете се да уживате во ужинки како овошје и зеленчук, непечени јатки и семиња, суви овошки. Грицкајте крекери, намачкајте патеа, хумуси или растителни путери.

6.Пијалоци полни шеќер

Заменете ги купечките сокови, кафињата со млеко, газираните пијалоци, кондензираните масни млека, со свежо цедени сокови, латеа со растителни млека, свежи блендирани млека и вода, како основен извор на животот.

7.Пиење премалку вода

Дали знаевте дека нашите тела се приближно 60% вода? За да ја поттикнеме хидратацијата, можеме да носиме шише со вода во текот на денот и да уживаме во водата како наш пијалок избор со оброците. Повременото пиење вода додека јадеме, исто така, не одржува сити и спречува да се прејадеме.

8.Поставување нереални цели

Поставувањето исклучително високи цели е вообичаено. Најдобриот начин со кој можеме да останеме на вистинскиот пат со реални цели е да побараме некој со искуство. Барањето стручна поддршка може да ни помогне да ги постигнеме целите.

Затоа ние во Здраво Живо веќе 10 години успешно ја нудиме програмата за слабеење, која дава долгорочни резултати.

Причините се бидејќи јадеме, а додека јадеме здрави се фокусираме да сме здрави, не броиме калории, јадеме живо и растително, грицкаме, пиеме здрави свежи сокови, водата е секаде и секогаш со нас, а целта ни е многу енергија, добар сон и вкусна храна. Слабеењето е секогаш гратис, па од таму и среќата.

9. Прекумерно вежбање

Кога имаме желба брзо да ослабиме се “фрламе” на вежбање, мислејќи дека вежбањето ќе предизвика да брзо изгубиме килограми. Но не е така.

Кога е телото уморно наоѓа начин да складира храна и тоа е најчесто на најнепосакуваните места на телото.

Воедно целата енергија која ја добиваме од храната ја трошиме за вежбање и тогаш сме постојано уморни, безволни и ненаспани.

Затоа најдобро кога се отпочнува нов начин на исхрана телото да одмара.

Навиките да ги прима полека, да го почувствува задоволството од промените кои неизбежно ќе придонесат за поквалитетен живот.
Кога по одреден период веќе ќе ги исфрлиме токсините од организмот, ќе се чувстуваме полесно и спремни за физичка активност, време е да почнеме.

До тогаш совршено доволно е да пешачиме.