Мајка на две деца, основци, од Куманово, денеска со неколку реченици на социјалните мрежи ја долови сета небулоза на Царовска и Филипче со поднесувањето барање за ослободување од настава на деца кои се хронични болни и кои имаат хронични болни во семејството.

Таа го поднела барањето за ослбодување на детето кое има срцева маана, но бидејќи детето има и братче, поднела барање и за него.

Истовремено, мајката објасни и дека и таа и сопругот се хроночни болни.

За едното дете поднела и документација.

И внимавајте сега!

Одговорот што го добила гласел дека детето со документацијата се ослободува од настава, но не и другото дете кое ќе мора да ја следи наставата со физичко присуство затоа што нема хронична здравствена состојба што го спречува во вакви услови да оди на училиште.

Која е логиката на ваквата одлука, кога може лесно да се случи детето кое оди на настава да го донесе вирусот дома и со тоа го загрози и братчето, но и родителите, не е јасно. Но јасно е дека станува збор за неопислив шарлатанизам на двајцата министри и на Владата со што директнос е загрзоуваат здравјето и животите на граѓаните.

Истовремено, денеска Царовска изјави дека не смееме да дозволиме училишата да останат затворени. Други, кои имаат малку памет, за разлика од госпоѓата министерка, би рекле дека не смееме да дозволиме болниците за Ковид пациенти да бидат полни. Ама, со тој памет, толку…!