По ултразвукот во 20-та недела од бременоста, Лаурен Флотер и нејзиниот сопруг Џоу, очекуваа поголемо бебе.
„Тие рекоа дека изгледа малку поголемо“, се сеќава Лаурен. „Акушерка го измери и изгледаше дека ќе тежи околу четири килограми“.
Дури и ден пред породувањето, лекарите рекоа дека бебето ќе тежи околу 4 килограми. Но, излезе дека грешат.
Лаурен сакаше да го роди нејзиното не толку мало чудо по природен пат, без никакви лекови.
Иако жените со векови се породувале на овој начин, денес е голем подвиг жената да одлучи да се породи без никакви лекови за болка. Иако Лаурен знаеше дека носи малку поголемо бебе, таа не знаеше колку всушност е голем нејзиниот син.
Телото на жената е навистина неверојатно, а Лаурен помина низ голема болка за да го роди природно нејзиниот син, Финис, кој е роден со 6 килограми.
„Беше навистина напорно – бев свесна за сè што се случува со моето тело“, рече Лаурен.
Но, кога медицинските сестри се обидоа да го измерат Финис, наидоа на проблем.
Имено, „малиот“ Финис не можеше на вообичаената вага за новороденчиња.
Лаурен се присети да мерењето: „Една од сестрите се сврте кон мене и рече дека не може тоа така. Мислев дека ме задева “.
Фенис беше измерен на друга вага и испадна дека тежи дури 6 килограми.
„Постојано си велев дека не е можно. Дека тоа не може да се случи “, вели Лаурен,„ Беше прилично неверојатно “.
Секако, нивното големо чудо ги натера Лаурен и Џоу да се израдуваат и да се чувствуваат благословени.
Лаурен стана ѕвезда на социјалните мрежи кога во јавноста беа објавени информации за нејзиното раѓање. Но, и нејзиниот сопруг, исто така, ја пофали за неверојатниот подвиг.
„Многумина не знаат дека Лаурен, покрај нашите деца на Финис и Ауреа, има стотици други деца“, напиша Џоу.
Тој објасни дека неговата сопруга е учителка и предава англискиот јазик на деца на кои тој не им е прв јазик.