Фреди Меркјури еднаш изјави дека Мери Остин е љубовта на неговиот живот, и во наследство и ја остави неговата куќа во Западен Кенсингтон по смртта во 1991 година.
Фронтменот на Квин имаше најблизок однос со Мери, со која се запознал во 1974 година, непосредно пред бендот да започне успешна музичка кариера. Две децении по смртта на Фреди од бронхијална пневмонија, компликација поради СИДА, неговата мајка Џер Булсара го искажа своето мислење за Мери.
Пред да почине, Џер рекла оти Мери била „љубезна и доаѓала кај нив дома на ручек“. Таа дури откри дека се надевала дека Фреди ќе се ожени со Мери.
„Сакав тој да се ожени со неа и да има нормален живот и деца. Но, дури и кога двајцата раскинаа, знаев дека таа сè уште го сака мојот син и останаа пријатели до самиот крај. Не сум ја видела од кога тој почина“, вели Џер.
Таа не чувствува никаква омраза или нетрпеливост кон Мери, иако Фреди и оставил голем дел од своето богатство.
„Зошто не? Таа ни беше како семејство и таа сè уште е дел од него“, рече Џер.
Фреди зборуваше за неговиот имот пред неговата смрт и рече дека планира сè да и остави на Мери. Во колекцијата интервјуа и изјавата „„Fredie Mercury: A Life In His Own Words“, Фреди рече дека имало само две личности кои му возвратиле со голема љубов како што им ја дал нив, а тоа се Мери со која имал долга врска. и нивната мачка Џери.
„Мојата врска со Мери само расте и расте. Ако умрам прв, ќе и оставам сè што имам на неа. Никој друг нема да добие денар освен моите мачки”, изјави Фреди.
Тој продолжи да зборува убаво за Мери до крајот на животот.
„Можам да ги имам сите проблеми на овој свет, но ја имам и Мери и тоа ме прави посилен. Јас сè уште ја гледам секој ден и сум поврзан со неа како никогаш досега. Ќе ја сакам до последниот здив. Веројатно ќе остариме заедно”, рече тој во една прилика.
Поминаа многу години пред неговото богатство конечно да стигне до Мери, која призна дека речиси ќе се откажала од сè, бидејќи трошоците за вилата станале преголеми.
„Тоа беше време на грижи за мене. Данокот беше платен, но без готовина, не бев сигурна дека ќе можам да си ја дозволам куќата. Бев под голем притисок”, заклучи Мери.