Унгарија одлучи да не учествува на Евровизија во 2020 година поради тесната врска меѓу фестивалот со ЛГБТ популацијата.

„Иако не се објавени официјалните причини за напуштање на фестивалот, одлуката е донесена заради растот на хомофобичната реторика во Унгарија, каде премиерот Виктор Орбан започна политика на „семејство пред сè“, насочена кон помагање на традиционалните семејства и стапката на наталитет“, пишуваат британските медиуми.

Извор од унгарскиот јавен сервис МТВА изјави дека, иако интерно нема причина за повлекување од конкурсот, претпоставката меѓу вработените е дека зад тоа стои поврзаноста на Евровизија со ЛГБТК + културата.

„Не бев изненаден. Тоа доаѓа од организациската култура на МТВА“, рече изворот.

Претходно, унгарскиот сајт „Индек.ху“ цитираше неименуван извор во јавните медиуми, шпекулирајќи дека причината за повлекувањето е веројатно затоа што Евровизија е оценета како „премногу геј“.